Трагедија: Мајка на три деца прегазена на тротоар
Дваесет и девет годишната Драгана Милановиќ од Јагодина мајка на три малолетни деца почина откако нејзиниот сосед 60-годишниот Перица.Ј. ја прегази на тротоар додека ја шетала нејзината 5-годишна ќерка.
Во мометот на несреќата којa се случила во петокот Драгана ја држела за рака својата ќерка Милица, која за две недели требало да наполни 5 годинки. Перица со своето возило „пунто“ летнал на тротоарот и ја удрил Драгана која летнала 11 метри. За среќа таа ја пуштила раката на нејзината ќерка, која останала неповредена.
Сопругот на Драгана, 30-годишниот Александар, за српки Курир, посочил дека неговата сопруга тргнала со нивната ќерка Милица до продавница за да купат украси за роденденската торта.
- Го слушнав звукот на автомобилот кој се движеше со огромна брзина и слушнав силен удар. Кога истрачав на улица, мојата ќерка Милица беше скаменета, а Драгана лежеше на улицата. Почнав да и зборувам да видам дали е свесна, но таа не можеше да одговори. Вилицата и беше толку стегната што едвај и ја отворив устата да и го извадам јазикот. По некое време дојде на себе и низ солзи ме праша, зошто тој ме уби. Имаше тешки повреди и почина во болница, изјавил сопругот нАлександар.
Тој додава дека возачот продолжил да вози и застанал на 50 метри од несреќата.
Кога дошла брзата помош Александар ги однел и Драгана и Перица во болница.
- Драгана беше свесна и ми велеше дека се ја боли и дека не може да издржи повеќе. Бидејќи се жалеше на тешки болки ја однесовме на неуролог, каде лекарот ми рече дека нејзиниот мозок е претворен во каша и дека е само прашање на време кога ќе умре, раскажал очајниот татко и сопруг.
Александар и Драгана имале две ќерки и еден син.
- Децата постојано ме прашуваат кога мајка им ќе се врати дома. Се уште не им кажав. Милица се уште бара со мајка и да отидат во продавница и да купат слики за нејзината роденденска торта, кои не успеаа да ги купат во петокот. Што да правам и што да им кажам на децата, низ солзи прашувал несреќниот Александар Милановиќ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа