Попоски викендов во Австрија

 

На покана на претседателот на Европскиот форум Вахау и министер за образование и социјални прашања во Владата на Долна Австрија Барбара Шварц, министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе земе учество на годинешниот Форум, кој ќе се одржи на 15 и 16 јуни 2013 година во Вахау-Австрија, информираат од македонското Министерство за надворешни работи.

Генералната тема на годинешниот Европски форум е: „Од другата страна на кризата – контури на новата Европа”. Се очекува дискусиите да бидат фокусирани на неколку актуелни прашања важни за иднината на Европската унија и тоа Европската безбедносна и одбранбена политика, субсидијарноста и  солидарноста, економската перспектива низ призма на буџетските политики, како и улогата на културата во европската интеграција и надворешните односи на ЕУ.

Предвидено е министерот Попоски да настапи со свое излагање на тема: “10 години Заедничка безбедносна и одбранбена политика - како понатаму?”.

На настанот ќе земат учество бројни претставници од политичкиот и научниот свет, меѓу кои и комесарот за регионална политика во Европската комисија  Јоханес Хан.

На маргините на Форумот, се очекува министерот Попоски да се сретне со министерот за надворешни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер.  

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk

најчитано сега