„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
Познатата пејачка и дизајнерка од Барбадос, Ријана откри дека го очекува своето трето дете со партнерот АСАП Роки – покажувајќи го својот труднички стомак на црвениот тепих на „Мет-галата“ за 2025 година. Пејачката се појави во скратена сако-јакна, на Марк Џејкобс, волнен корсет и здолниште со пруги и висок шлиц, како и со интересен детаљ во форма на друга јакна.
Сѐ тоа, таа го надополни со високи потпетици, елегантна пунџа-фризура, впечатлива голема шапка и вратоврска со точки.
– Облеката на Ријана вечерва… Не знам, само некако нека не ѝ го покрива трудничкиот стомак, изјави Роки, кој со пејачката ги има синовите РЗА (3) и едногодишниот Рајот.
Раперот АСАП Роки, инаку, беше еден од домаќините на настанот оваа година, заедно со Колман Доминго, Луис Хамилтон и Фарел Вилијамс. Секако, тој пристигна порано, а Ријана, како што се вели – во нејзин стил, доцнеше на најголемата модна ноќ во годината во САД и во светот.
Раперот носеше црн костум на „Авге“ по нарачка и јакна од „Мармот“, надополнето со чадор од брендот „Бриони Рејмонд“ со рачка во облик на пиштол, покриена со дијаманти.
Темата на овогодишната „Мет-гала“ во Њујорк, беше „Суперфини: Кроење во црнечки стил“. Тоа значи: Гостите требаше да го претстават стилот на афроамериканските мажи од 18 век до денес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа