МАРЛБОРО МЕН: Некогаш најсексиот маж од рекламите бил геј и умрел од Сида

Американскиот глумец и модел Кристијан Харен пленеше со својата мажественост на рекламите за цигари Марлборо, во раните шеесети години. Но, многу факти од неговиот приватен живот до скоро и да не биле познати на светската јавност.

Тој официјално призна дека е хомосексуалец, а бил сопственик на познатиот Палм Спрингс геј бар. Кога му дијагностицирале сида во 1985 година, тој почнал да се залага и да се вклучи во едукација и борба против смртоносната болест. „Клин“ во Сан Франциско бил називот на организацијата на овие геј активисти, чија цел била да тинејџерите се запознаат со предностите на сигорносниот секс и заштита од големиот број на преносливи болести.

За жал овој марлборо каубој умрел во 1996 година, во својата 61 година, поради компликација која ја предизвикала сидата.

За неговиот живот е снимен и краток документарец во 1998 година под името „Кастро каубој“.

 

Ерик Лосон кој глумеше каубој во рекламите на крајот на седумдесетите години од минатиот век, почина од хронично опструктивна болест на белите дробови.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега