Гавазова ќе се скара со сопругот, Тамара ќе троши, Џамбазов ќе заработува
Што им предвидуваат ѕвездите на нашите познати личности… Успех во работата или во љубовта? Кој ќе се скара, а кој ќе се смири? Кој ќе раскине, а кој ќе си најде нова љубов…
Во продолжение е третиот дел од предвидувањата за познатите, прнесува Убавина и здравје.
Сузана Гавазова
Сузана е родена во знакот на Стрелец, со подзнак во Водолија и со Месечина во Јарец, што значи дека слободата и самостојноста и се најважни. Сузана можеби изгледа неемотивно и пресметано, но положбата на нејзината Месечина ни сведочи дека таа често страдала во животот поради фатална привлечност и судбинска љубов, кои и носеле само болка и солзи. Кога станува збор за финансиите, ѕвездите и понатаму ѝ ветуваат одлични можности на тоа поле, но ја предупредуваат дека не смее да троши повеќе одошто заработува и особено не ѝ препорачуваат да се задолжува. Во текот на летото ја очекува преселба во простор што е многу полуксузен од просторот во кој живее моментално. Исто така, Сузана би требало да внимава да ги надмине можните недоразбирања со сопругот.
Бoки 13
Бојан е роден во знакот на Лав, со подзнак во Јарец и со Месечина во Водолија. Положбата на Марс во Јарец ни открива дека ова необично момче е исклучително упорно и насочено кон остварување на своите цели. Лицата со ваква положба на Марс можат да бидат и незгодни за својата околина, бидејќи освен што немаат влакна на јазикот, тие понекогаш и намерно го навредуваат својот соговорник за да му покажат дека се „поважни“, повлијателни или попаметни од него. Соларната карта на Бојан ни открива дека до август 2014 Бојан го следела добра среќа кога станува збор за финансиите, но дека исто така му се укажала можност да го смени начинот на кој ги заработува парите. Тој годинава конечно ќе успее да заработи пари преку интернет една од можностите е онлајн продавница.
Викторија Лоба
Викторија е родена во знакот на Терезија, со подзнак во Лав и со Месечина во Јарец, што значи дека е шармантна, заводлива, но истовремено достоинствена и понекогаш вообразена девојка. Списокот на позитивните особини што ја красат е навистина долг и затоа ќе издвоиме само некои од нив, како: одговорност, искреност, самокритичност, снаодливост, како и реално согледување на сопствените можности. Викторија е исклучително талентирана, добро организирана и истрајна во намерата да успее на естрадата. Ја советуваме да биде мошне рационална со парите, бидејќи целата натална карта ни открива дека тешко се контролира во трошењето пари. Постои можност да добие понуда од странство, која би можела да ѝ предизвика проблеми во љубовната врска.
Тамара Тодевска
Тамара е родена во знакот на Близнаци, со подзнак во Стрелец и со Месечина во Скорпија. Поради конјункцијата на Сатурн и Месечината Тамара можеби изгледа ладно, дури и нељубезно, но во основа спаѓа во човекољубиви и хумани луѓе. Таа често се труди да изгледа достоинствено и сериозно, како и прецизно да си го организира животот до крајни граници. Меѓутоа најчесто не успева во ова, затоа што одвреме-навреме упаѓа во специфични емоционални состојби, кои би можеле да се споредат со екстратактичен творечки занес. За среќа, возбудата и оптимизмот што ја обземаат во тие мигови ги поматуваат нејзините реално изградени планови, а луѓето што лично ја познаваат би можеле да кажат дека Тамара е понекогаш и хистерична, но во позитивна и комична смисла на зборот. Jа советуваме претстојниот период да го искористи за работа и за патувања,бидејќи годинава ќе заработи, но и ќе потроши најмногу пари.
Тони Зен
Тони е роден во знакот на Рак, со подзнак во Водолија и со Месечина во Стрелец. Благодарение на силното влијание на знакот Стрелец можеме да кажеме дека Тони е многу посериозен и помудар отколку што изгледа на прв поглед. Освен тоа, тој е исклучително критичен спрема себеси, и тоа повеќе отколку спрема другите. Тони поседува огромна физичка енергија, која мора да ја потроши занимавајќи се со спорт, инаку би можела да стане деструктивна. За среќа, сосема е способен својата сила да ја насочи на вистински начин, па затоа веруваме дека во своето однесување никогаш нема да ја помине границата на дозволеното. Земајќи предвид дека неговиот годишен соларен подзнак паѓа точно во наталната на Венера, која е во седмото поле, постои голема шанса Тони наскоро ќе започне заеднички живот со својата нова девојка. Постои можност да замине на егзотично патување што ќе му го смени животот.
Игор Џамбазов
Игор е роден во знакот на Рак, со подзнак во Терезија и со Месечина во Бик. Лицата со подзнак во Терезија имаат толку префинети манири, така што нивното однесување може да послужи како пример на убаво воспитување и толеранција. Игор е исклучително нежен човек, а негова најголема слабост може да биде големата чувствителност и неможност лесно да премине преку страдањата на другите. Тој е маж што може да заплаче а при тоа да не се срами поради тоа. Игор нема да плаче над својата, туку над туѓата судбина, бидејќи Месечината во Бик му дава вродено чувство за правда, како и свест дека на другите не треба лесно да им се суди. Игор има ноншалантен однос кон парите. Лесно ги троши и не бара да му се врати позајменото. Никој од големиот круг негови соработници не може да се пожали дека лошо поминал соработувајќи со него. На Игор годинава му престои голем професионален успех доколку застане зад камерите, односно, биде продуцент на свој проект.
Катерина Ивановска
Катарина е родена во знакот на Лав, со подзнак на самиот почеток на знакот на Скорпија и со Месечина на последниот степен на Терезија. Оваа положба на подзнакот и на Месечината укажува дека животот и судбината на оваа преубава девојка ќе бидат впечатливи и полни со успех. Катерина многу лесно стекнува симпатии кај другите луѓе, па нема да претераме ако кажеме дека сосема сигурно ја очекуваат голема слава и популарност, и тоа во светски рамки. Всушност, мора да истакнеме дека Катарина, како и секоја друга личност со подзнак во Скорпија, ќе доживее голем пад во животот, по кој ќе следуваат огромен подем и успех. Тој „пад“ ќе се одрази врз нејзиното емотивно поле, но ќе го вознемири целиот нејзин живот. Во овој период Катарина ужива во љубовта и прави големи планови, но ѕвездите ја советуваат што е можно побрзо да ги симне „розовите очила“ за да не се разочара. Како било – мора да ја предупредиме дека ова не е поволен период за љубов и за емотивни врски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа