Ништо од свадбените ѕвона: Познатата македонска фолкерка ја откажа свадбата

Фолк-пејачката Сања Барби, сепак, нема да се омажи за својот Кен во Швајцарија. Љубовната врска со струмичанецот Дејан Багашовски (27), кој долги години живее и работи во оваа европска земја и има свој бизнис во Луцерн, пукна неодамна, кога Сања замина кај него.  

"Љубоморен маж и пејачка не одат заедно. Тоа го сфатив само по неколку недели заеднички живот со Дејан. И добро е што уште на почеток увидовме дека нема да нe биде заедно. Отсекогаш сум имала, да не речам, фобија од машка љубомора, а брачна заедница во такви услови секако дека не може да функционира. Во Швајцарија поминав три месеци, тоа е доволен период за двајца добро да се запознаат, но не ми е жал за ништо. Се разделивме како добри пријатели, секој на своја страна и секој со своите планови за иднината. Не жалам за ништо, млада сум и животот е пред мене. Подобро да се прекине во старт отколку да се разведувам со деца", вели Сања за Вест.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега