Автомобил излета од патот Битола - Прилеп, едно лице тешко повредено
Вчера во 18.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на магистрален пат Битола- Прилеп, во близина на надвозникот со с.Долно Српци, општина Могила, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Битола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(61) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
06.05.2025 - 20:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа