Во пензија со 60 години старост и 40 години стаж

Вработените во Словенија, според новиот пензиски систем, ќе може да одат во пензија кога ќе наполнат 65 години живот, со минимум 20 години работен стаж.

Пред тој период ќе може да се пензионираат само оние кои ја поминале 60-тата година од животот, а имаат 40 години работен стаж.

Според најновите прописи, за остварување на пензија неопходен е минимален работен стаж од 20 години.

Последната промена на старосните граници за пензионирање во Словенија беше минатата година, кога е поместена за четири месеци нагоре. Тогаш беше одлучено жените да одат во пензија со 58 години и осум месеци, а мажите со 59 години, под услов да имаат 39 и 40 години стаж.

Реформата на пензискиот систем Словенија ја започна во 2013 година, со цел да ја подобри економската и финансиската состојба во земјата.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега