Детенце влегло во болница - сите лекари во шок!

На новогодишната ноќ момче од Задар на возраст од 12 години се повредило при нестручно ракување со воздушна пушка.

Детето е згрижено во болницата во зграда и што е најинтересно е што тоа таму влегло пеш во придружба на мајката. Иако со прострелна рана во главата, тоа во сепак било свесно.

Куршумот му поминал низ левата страна од челото и се распаднал на парчиња, а тој нормално стоеше како ништо да не се случило. Откако му ја снимиле главата и виделе дека куршумот се распаднал при ударот воо внатрешниот дел од черепот зафатот траел повеќе од четири часа.

Додека полицијата ги истражува сите околности од овој несреќен случај, малолетникот сега успешно се опоравува во задарската болнциа каде е опериран од тим неврохирург и оториноларинголог.

Лекарскиот тим за среќа успеа да ги отстрани сите делови од куршумот.

-Детето се разбуди по зафатот, при свест е и добро се чувствува. Зафатот траеше повеќе од четири часа и за среќа ги отстранивме сите делови од куршумот кои не ги оштетиле виталните делови од мозокот. Дванаесетгодиното момче се чувствува добро и задовони сме како се опоравува - вели доктор Роберт Карло од болницата во Задар.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега