Половина месец ни трага ни глас од 19-годишниот Божо

Поминаа точно 15 дена откако нема ни трага ни глас од 19-годишниот Божо Илиќ од Србија по кој трагаат сите негови соселани. Во потрагата со полицајците и полициските кучиња се вклучија и соседите, пријателите, ловци... но од момчето нема ни трага ни глас.

За потсетување, младото момче на 20 минатиот месец со татка си дошол на село, каде требало да седат неколку дена. Првата вечер се соблекол гол и излегол надвор во еден по полноќ на прошетка. Таткото безнадежно се обидувал да го сопре, но синот му велел дека оди да си го најде спасот. Несреќниот татко се вратил дома по автомобилот за да го собере синот кој излегол на ниските температури, но му се губи секаква трага.

Постојат различни претпоставки каде би можел да биде, а една од нив едека момчето е во секта.

Таткото моли за помош.

 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега