Што и порача Цеца на идната снаа?

Пејачката се изјасни по повод желбата на нејзините колеги наскоро да стане свекрва, па во таа прилика имаше и шеговита порака за идната сопруга на својот син.

Имено, нејзината задача беше да напише три новогодишни одлуки за 2015 година, а наместо неа, тоа го направија Андрија Милошевиќ и Ацо Пејовиќ.

Кога ја прочитаа одлуката да стане свекрва која наместо неа ја напиша Ацо, тој дури и објасни како се замислува во таа улога.

– Едвај чекам да се видам во таа функција. Точно ја замислувам како проблематична баба, она „Мала, не го пипај тоа“, се пошегува Ацо, а Цеца низ насмевка и порача на идната снаа:

- Мала, допирај што сакаш, само не се вселувај.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега