Регионот се бори против ЕЕ отпадот

Електронскиот и електричниот отпад е еден од најголемите еколошки проблеми, како во светот така и во регионот. 

Популарно наречен ЕЕ отпад се застарени големи и мали апарати за домаќинство, опрема од информатичката техника и опрема за телекомуникации, опрема за широка потрошувачка и фотонапонски плочи, електрични апарати и друго. 

- Во електричниот е електронскиот отпад спаѓаат стари телевизори, радиоапарати, бела техника, компјутери, телефони, мобилни телефони, разни алати и слично – наведуваат од Министерството за заштита на околината и природата на Хрватска. 

Ако непрописно се фрла, електронскиот и електричниот отпад може да биде опасен поради компонентите кои ги содржи, како што се живата, хромот, азбестот и други. 

Според податоците на програмата за околината на Обединетите нации, секој жител на Земјата во просек произведува повеќе од седум килограми ЕЕ отпад годишно, што вкупно претставува речиси 50 милиони тони таков отпад. 

Она што уште повеќе загрижува е дека експертите проценуваат дека тој број во следниот период ќе расте, па се очекува до 2017 година, годишно да се генерираат над 65 милиони тони ЕЕ отпад. 

Како што наведува Елма Хаџиќ-Рамиќ, шефица на службата за управување со отпадот и посебни категории на отпад при Фондот за заштита на околината во Федерацијата БиХ, проблемот со ЕЕ отпадот во светот е се поголем бидејќи векот на траење на ЕЕ отпадот е се покус, а потрошувачката со растот на стандардот е се поголема.

Опасен отпад

Во ЕЕ отпад главно спаѓа и опасен отпад па не е дозволено да се фрла заедно со останатиот вид на отпад, наведуваат од Министерството за заштита на околината и природата. 

Тој што има ЕЕ отпад во Хрватска е обврзан да го одвои од мешаниот комунален отпад и од другиот вид на отпад, да го предаде во целост и во состојба од која не е претходно расклопуван за вадење на посебни компоненти или делови. 

За да не заврши тој ЕЕ отпад на депониите за отпад, граѓаните не смеат своите расипани електрични и електронски апарати да ги фрлаат на ист начин како што го фрлаат и комуналниот отпад, наведуваат од Министерството. 

Хаџиќ-Ремиќ вели дека во БиХ постојат рециклери, т.е. обработувачи на разни видови на отпад, но дека се работи само за припарна обработка, т.е. расклопување на компонентите. За жал, во БиХ немаме развиена преработувачка индустрија, па се што е демонтирано треба да се извезува на идна обработка во земјите во соседството, што е многу неповолно од аспект на трошоците, а и од аспект на користењето на секундарните суровини и вработувањето на државјаните на БиХ во оваа индустриска гранка, рече таа. 

- Можеме да кажеме дека постои законска рамка за третманот на отпадните ЕЕ апарати, но не постојат услови за негово целосно користење во домашните ресурси – оцени службата за управување со отпад и посебни категории на отпад. 

За да се забрза решавањето на проблемот со ЕЕ отпадот, во светот постојат разни програми како за физички така и за правни лица. Меѓутоа, како и во многу други ситуации, земјите од регионот имаат различен пристап на таа проблематика. 

Ведрана Илиќ портпаролка на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина во Србија, вели дека во таа земја постои надомест за операторите на постројки за третман на ЕЕ отпад. Слична е состојбата и во Хрватска, каде компании задолжени за управување со ЕЕ отпад имаат право на одреден надомест за вршење на дејност за собирање и обработка. – Системот на обработката на ЕЕ отпадот се финансира од надоместот кој производителите на ЕЕ опрема го плаќаат на Фондот за заштита на околината и енергетска ефикасност, за да се покријат трошоците за собирање и обработка на ЕЕ отпадот. Важно е да се истакне дека предавањето на одвоено собраниот ЕЕ отпад се врши без наплата на домаќинствата и регистрираните лица и на начин кој овозможува оптимални услови за подготовка за повторна употреба, рециклирање и други постапки при одвојување на опасните материјали од ЕЕ отпадот – наведе ресорното министерство. 

Што се однесува до БиХ, поттик за овој вид на отпад нема, вели Хаџиќ-Ремиќ, но додава дека се работи за многу профитабилен вид на отпад за кој се предвидени средства кои ги наплатуваат операторите на системот при пласманот на ЕЕ апарати од увозникот и производителот на ЕЕ апарати. Тие средства се користат за покривање на трошоците и плаќање на рециклерите, извозниците на отпад, обработувачите, итн. 
За сега во регионот сеуште нема поттик за физички лица, за да ги стимулираат да ја враќаат отпадната ЕЕ опрема во продавниците, т.е. да ја носат на пропишани места, но во Хрватска се дискутира за таа можност.

Казна за прекршителите

И додека во регионот постојат различни начини за награда за тие кои на соодветен начин се грижат за проблематиката со ЕЕ отпадот, сите земји во соседството парично казнуваат непрописно фрлање на ЕЕ отпад. 

Еден голем проблем на населението во регионот е дека во нивните земји секојдневно се увезуваа опасен отпад од земјите од Западна Европа, па така и ЕЕ отпад, но претставниците на власта велат дека граѓаните не треба да бидат загрижени. 

- Во Република Србија е забранет увоз на опасен отпад, а со самото тоа Србија не е место каде се фрла опасен отпад од земјите на Западна Европа или било која друга земја. Секако, како и во сите земји постојат две депонии, каде може да се најде ОЕЕО (отпадна електрична и електронска опрема) заедно со комунален или друг отпад – наведе Ведрана Илиќ. Таа додаде дека контролата на границата ја врши царината, а во земјата републичката и покраинската инспекција. 
Елма Хаџиќ-Рамиќ вели дека генерално не е дозволен увоз на отпад во БиХ за фрлање, но можен е увоз на секундарни суровини од отпадот и самиот отпад ако постојат машини за обработка или третман на истиот. Бидејќи во БиХ не постои развиена индустрија за обработка на отпад од ЕЕ апарати, се доаѓа до заклучокот дека не треба да има ни увоз на истиот, додаде шефицата на службата за управување со отпад и посебни категории на отпад од Фондот за заштита на околината на Ф БиХ. 

Во Република Хрватска е забрането да се увезува каков било  отпад за фрлање на депонии па така и опасен отпад, наведуваат од надлежното министерство. – Дозволено е да се увезува само отпад кој може и мора да се рециклира.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега