Додик: Во Република Српска треба да се воведе претседателски систем

Претседателот на Република Српска Милорад Додик оцени дека би требало сериозно да се размисли за воведување претседателски систем во РС кога ќе почнат разговорите за реформа на Уставот.

Тој најави можност до крајот на актуелниот четиригодишен претседателски мандат да иницира уставни измени во тој правец.

Додик, во изјава за „ЕуроБлиц“ рече дека за таков предлог му е потребен општ консензус во РС и оти во зависност од политичката ситуација ќе процени дали ќе упати официјален предлог.

- Со оглед на тоа дека ова ми е втор претседателски мандат, според Уставот не можам веќе да се кандидирам за таа позиција. Би било добро, по завршувањето на мојот мандат РС да бира претседател кој истовремено би бил и член на Претседателството на БиХ, образложи Додик.

Тој објасни дека тоа би била најдобра заштита на РС и нејзиното позиционирање на нивото на БиХ и оти на тој начин би се поедноставиле многу работи.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега