Збесна позната српска пејачка: Нема така лесно да поминете, има да платите!

Денеска како бомба одекна веста според која наводно во 17 и 45 часот на автопат во Словенија загинала најпопуларната босанска пејачка, Селма Бајрами.

Информацијата најпрво ја објави еден српски портал. Откако таквата вест беше пласирана во јавноста, многу нејзини колеги, пријатели и новинари се обиделе на телефон да ја добијат Селма, но таа никому не се јавувала, пишува „Експрес“.

Подоцна беше објавено дека Селма немала несреќа и дека е жива и здрава. Авазов „Експрес“ ја добил популарната пејачка која се наоѓа во Австрија. Вели дека не може да верува дека некој е подготвен да пласира такви лаги.

-Не можам да верувам што објавија. Ме бараат луѓе од сите страни, не можам да стигнам на сите да им одговорам. Ова  еужасно. Ќе го тужам порталот кој ја објави таа гнасна вест. Дебело ќе платат и ќе банкротираат, нема така лесно да поминат преку тоа. Оној кој на таков начин си поигра со мене, со мојот живот, кој во опасност го доведе моето семејство бидејќи сите беа шокирани кога го слушнаа тоа... дебело ќе плати. Луѓе, што ви е, еве сум во шопинг купувам намештај за својот стан, а морам да прекинам бидејќи телефонот без прекин ми ѕвони, изјавила Селма, пренесува Аваз.ба.

Истиот портал претходно пласираше и лажна приказна дека загинал познатиот српски пејач, Ацо Пејовиќ.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега