Студот ги зема првите жртви - три лица измрзнаа до смрт

Трет случај на смрзнување оваа зима е регистриран во Босна и Херцеговина, јави електронското издание на весникот "Дневни Аваз"

Во Долна Јабланица, во една штала вчера било пронајдено телото на 53-годишен маж, а подоцнежниот преглед утврдил дека смртта настапила поради смрзнување.

Во босанскиот град Зеница завчера беше пронајдено тело на 44-годишен маж, за кого медиумите објавија дека е бездомник и оти тимот на Итната помош се обидел да го реанимира, но безуспешно.

Вчера беше откриено и телото на 59-годишен маж, во близината на Тузла, односно на нива, во близина на неговата куќа. И за ова лице утврдено е дека починало од студ.

Температурата во текот на ноќта во тој дел на Босна се спушти и до 18 степени под нулата, јави Хина.

Најниска температура утрово е измерена во Соколац и изнесуваше минус 26 степени. 

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега