Младо момче прегази старец и две дечиња на пешачки премин

Уште една страотна несреќа го потресе Белград кога синоќа младо момче прегази дедо со две внуки на пешачки премин.

Според податоците на српскиот Курир, се работи за 20-годишен возач кој го прегазил 77-годишниот Владимир Д. кој во тој кобен момент бил на пешачки премин заедно со двете внуки кои имаат 9 и 12 години. Од ударот дедото се здобил со скршеница, расекотина на челото и потрес на мозокот, додека едно од девојчињата има повреден колк, а другото има повреди во пределот на телото.

Старецот кој е во болница не се ни сеќава на несреќата.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега