Белград најавува извештај за „злосторствата на ОВК“

 

Српскиот јавен обвинител Владимир Вукчевиќ најави дека наскоро на јавноста ќе и биде презентиран извештај за злосторствата што припадници на некогашната Ослободителна војска на Косово (ОВК) ги извршиле врз косовски Срби.

- Главен проблем е што немаме можност за пристап до сведоците и осомничените, од кои дури 90 проценти се на територијата на Косово и Метохија. Дури и ако некој биде упасен во странство врз основа на наша потерница, не го депортираат во Белград, туку во Приштина, изјави Вукчевиќ за белградскиот весник „Блиц“.  

Тој соопшти дека српското Обвинителство работи на повеќе злосторства извршени во Косово, но како што вели, „ги испитува и случувањата во Сребреница“.

Вукчевиќ ги отфрла обвинувањата дека Обвинителството штити припадници на војската и полицијата кои се на високи командни позиции, нагласувајќи дека обвиненијата против нив биле поврзани со истрагите на Хашкиот трибубнал.

- Дури откако Хакиот суд заврши со истрагите (против нив), ние почнавме кривично да ги гониме и тогаш започнаа нападите против нас, изјави Вукчевиќ.

 

 

Оцени ја веста

31.12.2014 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега