Работниците од „Аида“ ја напуштаат БиХ

 

Работниците во фабриката за облека „Аида“ изуринава од Тузла се упатија кон границата на Босна и Херцеговина, со цел, како што најавија, да ја напуштат државата поради негрижата на властите за нивните проблеми.

Откако со месеци неуспешно протестираат на улиците на Тузла барајќи исплата на еднократна помош од 400 марки, утврдување на стажот и покренување на производството, работниците на „Аида“ во знак на протест одлучија да ја напуштат БиХ.  

 

Изутринава околу 7:30 часот тргнале кон границата на БиХ со Хрватска, како што велат, со цел спас да побараат во некоја од земјте од ЕУ. 

- Нека се препукуваат меѓусебно, ние повеќе немаме што да чекаме, изјави пред два дена заменик-претседателот на Синдикатот на фабриката „Аида“ Хасан Ужичанин.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега