Сопственикот на „Пинк“ падна на гробот на Ивана: Зошто Бог мене не ме зема мене?

Колку Жељко Митровиќ тешко ја поднел смртта на Ивана Бодражиќ, најдобро се видело на погребот во Сириг. Тажни крици од болка, солзи и гласен лелек на погребот на трагично загинатата девојка.

Тоа можеби остана и незабележано, бидејќи обезбедувањето на Тв „Пинк“ им забранило пристап на новинарите  на погребот, но неколку пријатели на семејството Бодражиќ и сопственикот на „Пинк“ сепак одлучиле да прозборат.

-Стоеше во капелата покрај мајка и на Ивана и примаше сочуство. Кога започна опелото го извикуваше името на Ивана, а потоа падна на сандакот и заплака, раскажала за српски блиц Љиљана С., од Сириг.

Неколку пати го прекинувал попот.

-Прво му велеше на свештеникот: Зошто твојот шеф (мислејќи на Бога) не ме зема мене, туку нејзе? Кога попот побара прошка за сите гревови на Ивана, Митровиќ дофрлаше: Нема таа никакви гревови..., вели Љиљана С.

Митровиќ положил два венци на кои пишувало: „Твојот Жељко“ и „Ожалостени мајката Нада и Жељко“.
Пријателите на Ивана не сакаат да го коментираат фактот што Митровиќ на погребот отворено ја покажал својата тага.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега