Се обесил бидејќи му ги земале ќерките

40-годишниот Славољуб Егериќ Чика (40) се самоуби на големата слава Св. Никола  по одлуката на Центарот за социјална работа во Трстеник да го одвои од неговите ќерки. Телото на Славољуб  го пронајде својот брат Драган.

- Се оладив кога го видов Чика како виси обесенна гредата. Десет минути стоев како здрвен. Не знаев дали да му пријдам или да побегнам. Подоцна истрчав до селото да лажам што се случило, вели братот на Славољуб Драган Егери, кој случајно го најде телото на својот брат додека го шетал кучето.

Роднина на Славољуб вели дека срцето му се прполовило што повеќе не може да биде покрај својата ќерка.

- Кој би издржал кога некој ќе му ги земе ќерките, Анита, Анѓела, Катарина и Милица. Ми раскажуваше дека го плашиле да потпише во Центарот за социјана работа во Трстеник да ги предаде децата и дека понекогаш ќе ги гледа, а ко не потпише никогаш нема да ги види, раскажува роднина на очајниот татко кој си го одзеде животот.

На Славољуб децата му се одземени во вторникот, три дена пред трагедијата, а тој цело време зборувал како ќе се обеси. 

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега