Ја пронашле како лежи мртва во соба - трагедија во струмичко
Уште една трагедија ја потресе Македонија. Шеесет годишната Еленка З. од струмичкото село Куклиш е пронајдена мртва синоќа откако пожар избувнал во нејзината куќа. Пожарот избувнал во долниот кат од куќата и истиот целосно изгорел. Жената починала како последица на труење со чад, бидејќи во моментот на пожарот таа спиела.
Противпожарни екипи го изгаснале пожарот, а полициски екипи во присуство на јавен обвинител извршиле увид кој треба да ги покаже причините за настанувањето на пожарот.
Оцени ја веста
17.12.2014 - 11:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа