Ние ги нападнавме полициските станици во Тетово и Куманово
Ослободителна народна армија (ОНА) ги испланирала и извела минатонеделните напади на полициските станици во Тетово и Куманово, објави пораталот на албански јазик ИНА. Според соопштенијата кои ОНА ги доставила до редакцијата по електронски пат, тие ги нападнале и полициската станица во Гостивар, Бит Пазар и касарната Илиднен каде се сместени специјалните единици. Сепак ,освен експлозиите пред станиците во Тетово и Куманово други инциденти не беа регистрирани.
"Вечерта на 9-ти декември, околу 20 часот единици ОНА изведоа координиран напад на полициската станица Бит Пазар во Скопје, специјалната единица ЕБР, и станиците во Тетово, Гостивар и Куманово", вели во соопштението на ОВК, потпишан со името "Куштрими".
Покрај ова, доставено е уште едно соопштение во кое е изразена загриженост за состојбата и положбата на албанското население во Макеоднија и во кое се бара межународна интервенција. И ова соопштение е потпишано од "Куштрими". Ова е втор пат ОНА да презема одговорност за терористички акции кои се случуваат во Македонија бидејќи тие наводно стојат и зад гранатирањето на владата. Засега МВР не излезе со официјални информации дали ваква организација постои и дејствува на територијата на Македонија. Преку соопштенија ОНА тврдеше и дека оружени формации патролираат во сите места со албанско население што потоа тоа го потврди и заменик министер за внатрешни работи Земри Ќамили но потоа беше демантиран во врвот на МВР.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа