Нови детали: Дури 19 возила се судриле ка Волково - расте бројот на повредени
Верижен судир се случил утрово околу 8 часот кај клучката кај Волково, на патот кон Приштина, соопштуваат од полицијата.
Од засега непознати причини се судриле 19 возила, а досега девет лица се пожалиле на повреди. Повредените се пренесени на скопските клиники, а според првичните информации повредите не се сериозни.
Се врши увид на лице место и се утврдуваат причини за несреќата.
Оцени ја веста
15.12.2014 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа