Голем верижен судир на излез од Скопје - неколкумина повредени
При верижен судир на обиколницата кај Волково на патот кон Приштина повредени се повеќе лица.
Како што дознава Курир судирот се случил околу 8 часот утрово, а според првичните информации од МВР, учествувале повеќе возила и има неколкумина повредени.
Очевидци за Курир велат дека во верижниот судир имало околу 30 возила.
Причината за судирот, според првичните информации, најверојатно се влажните и лизгави коловози.
Оцени ја веста
15.12.2014 - 10:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа