Уште една жена се самозапали во Бугарија

Уште една жена се самозапали во Бугарија. Жена на 32 годишна возраст е примена во итната медицинска помош во градот Стара Загора со 92 проценти изгореници по телото и со мали шанси да преживее.

Крстосницата во центарот на градот била пронајдена канта со бензин и торбата  на жената, а мотивот за самозапалувањето се уште не е познат.

Жената живеела со своите родители, а според соседите не била многу комуникативна, но била вработена и немала финансиски проблеми.

Таа  е префрлена во универзитетската болница во Пловдив во состојба на индуцирана кома.

Ова е четврт случај на самозапалување во последниот месец во бугарија , кога се запалија уште две жени и еден маж.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега