Нов тренд во Јапонија: Соло венчавка за 2.000 евра

 

 

Јапонската агенција „Серека“ со седиште во Кјото, од јуни оваа година организира соло свадби по цена од 2.000 до 2.700 евра, во завнисност од видот на услугите.

Целта на овие „лажни бракови“ е немажените жени барем на еден ден бидат среќни во улога на невести, објави францускиот весник „Монд“.

Агенцијата нуди можност на прошетка по автентичните населби на некогашниот главен град Кјото, како возење на невестите во специјално украсени автомобили.

Порграмата за сово венчавките предвидува два дена престој на невестите во Кјото.

Еден ден пред „свадбата“, невестите веќе поголемиот дел од денот го минуваат во салонот „Керин“, каде прават фризури, се шминкаат и се разубавуваат.

Според агентите на „Серека“, досега нема заинтересирани за изнајмување на традиционалните кимона за венчавање, туку клиентките се одлучуваат за долги бели фустани, затоа што сакаат да се чувстуваат како принцези.

За „невестата“ се организира и свечен ручек сама или во придружба на вработени од агенцијата во некои од луксузните ресторани.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега