Берлин и постави на Србија речиси невозможни услови за отворање на поглавјата

 

 

Берлин на Србија и испратил 11 услови за отворање на преговорачките поглавја и продолжување на преговорите со ЕУ, но тие за Белград се речиси невозможни за исполнување бидејќи многу од нив го засегаат статусот на Косово и фактички ја поддржуваат неговата независност, пишува белградскиот весник „Вечерње новости“.

Меѓу овие 11 услови се прифаќањето на статусот на Сојузот на српски општини во согласност со косовските закони, учество на Приштина во сите регионални форуми, прифаќање на косовските пасоши на границата со Србија и изградба на квалитетни згради на граничните премини.

Белград веќе почнал широка дипломатска акција за што е можно побрзо да се преформулираат бриселските препораки и што поскоро да се отвори првото преговарачко поглавје.

Доколку Србија го исполни сето тоа што од неа се бара, а за што постојат мали шанси, европските лидери уште на Европскиот совет во текот на овој месец може за крајот на јануари да го закажат одржувањето на новата меѓувладина конференција, на која ќе се отвори поглавјето 32 за финансиската контрола и поглавјето 35 што се однесува на Косово, пишува весникот „Вечерње новости“ во текстот под наслов „Берлин ни постави 11 услови“.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега