Ако имате помалку од 21 година не смеете да возите автомобил по 23 часот - нов закон во Србија

Србија забранува возење автомобил од 23 часот вечерта до 6 наутро за сите возачи кои имаат возачка дозвола помалку од две години. Исто така, возачите коизеле дозвола на 17 или 18 години, нема да можат да возат во овој период пред да наполнат 21 година.
Со оваа мерка, Србија воведува категорија млади возачи по примерот на Македонија со тоа што нивниот закон е многу поригорозен.
Во Македонија, возачите кои се третираат како млади, односно немаат возачка дозвола подолго од 2 години, можат да возат до 22 часот, а потоа ќе им треба придружба. Кај нас, младите возачи можат да возат без придружба автомобили кои имаат сила на моторот под 70 KW.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега