Извозот од зоните потврда за успешноста на концепт за привлекување странски инвестиции

Растот на извозот се должи на подобрата конкурентност на македонското стопанство во однос на останатите економии, а тоа е секако одраз на политиките што ги водиме, пред се најниски даноци во Европа, привлекување странски инвестиции и овозможување  и за домашните и странските бизнисмени да имаат добра бизнис клима. Тоа го оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за извозт во првите десет месеци од годинава. 

- И во услови кога во Европа немаше раст на економијата, односно економскиот раст беше близу до нулата македонските компании што работат во зоните успеаја да извезуваат производи. Но, истото се однесува и на компаниите што работат надвор од зоните, на домашните компании при што имаме зголемен извоз во неколку значајни сектори за македонската економија, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето договор со ЕБОР за инфраструктурни проекти.

Сметам, истакна Ставрески, дека имаме добар тренд што покажува дека Македонија има перспектива во делот на извозот, во делот на освојување нови пазари и подобрување на структурата на извозот преку извоз на технолошки производи со повисока технолошка вредност.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега