Извозот расте побрзо од увозот

Во првите 10 месеци од годинава, извозот пораснал за 19, а увозот за 13 проценти во однос на истиот период  минатата година, со што размената станала поизбалансирана. Покриеноста на увозот со извоз, од ланските 64,5%, се искачи на 68,1%.

Европската унија останува нашиот клучен пазар, со Германија како најзначаен трговски партнер на Македонија. Првата петорка „најголеми трговски партнери“, со кои остваруваме над половина од размената, ја комплетираат Велика Британија, Грција, Србија и Италија, додека водечките извозни производи на земјава, во најголем дел, се пласираат од слободните економски зони. Тоа се катализаторите на „Џонсон Мети“, машини и транспортни уреди на кои работат другите компании, а кај кои растот изнесува 94 проценти. 

-Тоа значи дека сме на добар пат да го оствариме она што го проектиравме, дека годинава ќе имаме зголемување од 50% на извозот од слободните економски зони, споредено со лани, изјави Виктор Мизо, директор на слободните економски зони.

 

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега