До октомври извезени стоки за 4,143 милијарди долари

Македонија во првите десет месеци од годинава извезла стоки во вкупна вредност од 4,143 милијарди американски долари, а увезла во вредност од 6,088 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68,1 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 1,945 милијарди долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот, пак, најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. 

Најмногу стоки од Македонија се извезени во земјите од Европската унија, дури 76,8 отсто по што следат земјите од западен Балкан со 13,9 отсто. Од земјите-членки на ЕУ, воедно е извршен и најголемиот дел на увозот на стоки во Македонија или 64 отсто, по што следат неспомнати земји со 11,7 отсто.

Во првите десет месеци од годинава Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија со кои е реализирана 52 отсто од вкупната надворешно-трговска размена. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега