Груевски на средба со Ти Доан - ќе се потпише договор за економска соработка

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со Нгујен Ти Доан, заменик претседател на Социјалистичка Република Виетнам. 

Средбата ќе се одржи во просториите на Владата на Република Македонија, со почеток во 12:35 часот.

По средбата ќе следува потпишување на Договорот за економска соработка помеѓу двете земји, кој ќе биде потпишан од Беким Незири, министер за економија на Република Македонија, и До Танг Хаи, заменик министер за индустрија и трговија на Социјалистичка Република Виетнам.

Во рамките на настанот ќе биде потпишана и Спогодбата за укинување на визи за носители на дипломатските и службените патни исправи, која ќе ја потпишат Драгана Кипријановска, заменик министер за надворешни работи на Република Македонија, и Ву Хонг Нам, заменик министер за надворешни работи на Социјалистичка Република Виетнам.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега