Весна Бејби ја нападнала Ребека?

На  балот на различностите кој неодамна се одржа во новиот барокен театар во организација на здружението “Дајте ни крила“ во хуманитарни цели, имало инцидент, јавува порталот Либертас.

-Од очевидци дознаваме дека познатата актерка Весна Бејби направила кавга. Таа пред почетокот на настанот ненајавено влегла во соблекувалната на поп-пејачката и организатор Ребека и  сакала да ја избрка со образложение дека таа требе да се спреми за снимање на емисија за модата на Елена Лука.Ребека во моментот зборела на телефон и се збунила кога Петрушевска почнала да се дере и да и вика да ја напуши просторијата.Откако се соземала од шокот ,Ребека  се обидувала да и објасни на агресивната актерка дека во нејзината соблекувална имало многу гардероба и дека немала време да ги собере нејзините алишта како и гардеробата на нејзините три дечиња, пишува порталот.

-Искачај од тука,треба да снимам за “Елена Лука“ , и рече Весна на Ребека.Јас стоев од страна и не ми се веруваше како може актерката да биде толку дрска и бес осет,вели изворот. Тој додава дека Ребека на ваквиот однос на Бејби реагирала сталожено,пробувајќи да го реши проблемот на мирен начин.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега