Земјоделците добија механизација и опрема субвенционирана од државата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на земјоделската задруга „Вегефреш“ во струмичко Куклиш и ги предаде механизацијата и нарачаната опрема субвенционирана од Мистерството за земјоделство.

На својата прва средба со задругарите од Куклиш, тој ја истакнал подготвеноста да го помогне развојот на задругарството во сите сегменти.

- Министерството за земјоделство субвенционира 90 проценти во набавката на механизацијата во земјоделските задруги. За таа цел, годинава, преку Платежната агенција инвестиравме преку три милиони евра за набавка на потребната механизација и опрема. Сакаме да ги задржиме младите во оваа стопанска гранка преку директна помош и олеснувања со цел создавање на модерно земјоделство и оптимални услови за живот во руралните средини, посочил министерот.

Земјоделската задруга „Вегевреш“, како што изјавил министерот, е убав пример за организирано здружување на земјоделците и нивен заеднички настап на пазарот, без посредство на прекупци.

Цветков ја нагласил заложбата на Владата за давање помош на земјоделците при набавката на земјоделската механизација и приклучни машини, изразувајќи притоа подготвеност за максимално и рационално искористување на 150-те милиони евра од субвенциите за 2015 ггодина, како и 20-те милиони евра кои на македонските земјоделци им стојат на располагање од ИПА Програмата на ЕУ. 

Директорот на „Вегефреш“ Драги Памуков се заблагодарил за ангажираноста и помошта на Министерството кое директно и ја предаде механизацијата на првата задруга во државата. 

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега