Торта од палачинки
Состојки за палачинки:
- 5 јајца, жолчките и белките одвоено
- 50 гр. шеќер
- 50 гр. брашно
- 175 мл. млеко
- 50 гр. растопен путер, половина за смесата, половина за премачкување на тавата
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- малку сол за жолчките
Состојки за филот:
- 3 јајца, жолчки и белците одвоени одделени
- 25 гр. шеќер во прав
- 1/2 лажиче ванилин шеќер
- изрендана кора од еден лимон
- 115 гр. мелени бадеми
За шлагот:
- 150 мл. кисела павлака
Подготовка на палачинките:
Посебно измешајте ги белките, жолчките измешајте ги со шеќер и проматете ги да добиете пена, додадете млеко, брашно, стопениот путер и на крај лесно измешајте ја пената добиена од белките.
Од оваа смеса испечете четири дебели палачинки на умерен оган во тава со големина на калап за торта, во кој потоа сите ќе ги ставите, а претходно премачкајте го калапот со путер.
Подготовка на филот:
Постапката со јајца е иста како и за палачинките, белките одвоено, додека жолчките ги миксате со шеќер и лимонова кора. Потоа добиената смеса од белките ставете ја во пенастата смеса од жолчките и додадете ги бадемите.
Завршното составување на тортата:
Во калап за торта, кој ќе го обложите со хартија за печење, ставете ја едната палачинка, премачкајте ја со смесата за фил и истото повторете го и со другите две, кои ќе ги ставите над првата палачинка. Последната палачинка премачкајте ја со киселата павлака и печете на 200 степени 20 до 25 минути. Послужете ги парчињата украсени со шеќер во прав.
Извор: Идивиди.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа