НОВО: Проверете дали имате рак со помош на јогурт

 

Новиот метод го елиминира инвазивниот дел со модифицирање на бактерии во јогуртот.

Научниците од Институтот за технологија Масачусец дошле до уште еден едноставен метод за откривање на ракот, кој вклучува само јогурт и тест на урината.

Професорот Сангита Батија успеал да развие молекули кои се однесуваат како биомаркери во откривањето на ќелиите на колоректалниот рак. Ако тие молекули се испијат заедно со јогурт, наоѓаат пат до ќелиите на ракот, каде ензимите се раствораат до ситни честички и се исфрлаат од телото со урината.

За да проверите дали имате рак потребно ви е да земете мало парче хартија и да ги соберете тие честички. Тестирањата се спроведени врз лабораториски глувци, додека при клиничките тестирања кај пациенти овој метод би се покажал како мошне едноставен и евтин.

 

Според Амриканското здружение за борба против ракот, дури 40 отсто од луѓето со колоректален рак имаат рана дијагноза на болеста заради ниското ниво на испитување.

 

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега