Зошто другите да нé учат како да го сакаме Скопје?

 

Во вторникот вечер се одржа седмото издание на радискиот фестивал МАРС кој освен што покажа дека и тоа како имаме со што да се пофалиме на музичко поле отвори и едно друго прашање кое по кој знае кој пат провејува низ нашето секојдневие. Всушност отвори една цела палета на прашања: Луѓе кога ќе научиме да се цениме и сакаме себе си? Зошто другите треба да ни држат одново и одново лекции за себе почитување? Треба ли секогаш другите да ни го препознаат квалитетот за да почнеме самите да го сакаме и почитуваме, пишува Вистина.мк.

Класични примери на оние кои ни држат лекции за тоа како и колку треба да се гордееме со нашето Скопје ако се свртиме наназад ги имаме најмалку три. И тоа естрадни. Последниот во низата е воодушевувањето на хрватската поп дива Нина Бадриќ која јавно кажа дека целосно е маѓепсана од изгледот на Скопје 2014. Фалејќи го македонскиот народ и неговото гостопримство Нина го искористи престојот во нашата метропола, поводот за доаѓање и беше примањето на наградата за Ѕвезда во регионот на МАРС 2014. Најпрвин на прес-конференцијата на новинарското прашање: Што најмногу ја импресионирало во Македонија и по што ќе ја памети, таа одговори: Прв пат кога дојдов, тоа беше Тоше. Но тоа беше тогаш. Сега, тоа е Скопје со сите свои нови градби и зданија. Боже ова е прекрасен град, како да сум во Париз – изјави Нина Бадриќ мислејќи на Скопје 2014.

Балканската легенда Здравко Чолиќ пак ги искористи  убавините на Охрид и Скопје 2014 и сними видео запис за песната „ Ватра и барут“ во кој како специјален гостин се појавува Влатко Стефановски. Видеото на Чолиќ е приказна за своевидно патување низ времето и на пост-модерен начин ги поврзува различните локации и стилови, претставувајќи ја Македонија од нејзиното древно наследство до денес, притоа ставајќи посебен акцент на убавините на Охрид, но и на Скопје 2014. 

Третиот во низата на примери за тоа дека другите и тоа како умеат да ја искористат атрактивноста на Скопје 2014 и неговите особености е видеото на Жељко Јоксимовиќ и Даниел Кајмакоски за песната „Скопје – Београд“ во кој акцентот повторно беше ставен на убавините на нашата метропола.

Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега