Патници туркале замрзнат авион на писта во Сибир
Патници на авион на „Сиберија Ер“ морале да излезат од авионот и да го туркаат на температура од минус 52 степени Целзиусови, бидејќи му замрзнал турпот, јавија денеска руските медиуми.
Оваа необична приказна излезе во јавност откако еден од патниците постави видео на „ЈуТјуб“ на кое се гледа како група патници туркаат авион „Тупољев“ на прекриена со снег писта во сибирски Игарки.
„Ајде“ извикуваат патниците во дебела зимска облека и го туркаат авионот неколку метри по пистата. - Сите сакаме да стигнеме дома, кажува еден од патниците.
Обвинителството за сообраќај во западниот дел на Сибир соопшти дека води истрага за инцидентот што се случил вчера.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа