Шарени кифлички
· 1 кг брашно
· 200 гр кисело млеко
· 500 мл топло млеко
· 1 квасец
· 3 кафени лажички сол
· 3 кафени лажички шеќер
· 50 гр ленено семе
· 50 гр афион
· за премачкување
· 250 гр путер
· 300 гр шунка
· 250 гр кашкавал
· 250 гр кајмак
· за премачкување
· 1 јајце
Се замесува тесто од брашното, солта, шеќерот, квасецот, киселото млеко, топлото свежо млеко, афионот, и лененото семе. Тестото веднаш се дели на два дела од едниот дел се прават 10 помали топчиња. Секое топче се расукува и се премачкува со путер и корите се ставаат една врз друга на последната кора не се става путер од одзгора. Од сите тие десет корички се сука една голема кора со дебелина од 5 мм. Истото се повторува и со вториот дел од тестото. Големата кора најпрво се премачкува со кајмак потоа се реди на средина со парчиња шунка па врз нив се реди кашкавалот. Се витка во ролат и се сечат на парчиња од 1 цм. За во клапот за мафини парчињата треба да бидат со дебелина од 3 цм. Готовите кифлички се редат на претходно подмачкано тавче се премачуваат со јајце и се наросуваат со сусам. Се оставаат 2 часа на собна температура и потоа се печат додека заруменат.
Јас од тестото пред да ги ставам афионот и лененото семе си одвојувам пола од тестото и го правам на истиот начин бидејки не е секој љубител на афион и ленено семе.
Мои рецепти
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа