Пченкарно пециво
300 гр. брашно
200 гр. пченкарно брашно
250 мл. млеко
20 гр. квасец
1 лажичка шекер
1,1/2 лажичка сол
2 јајца
околу 80 гр. путер
за премачкување
1 јајце
Во малку топлото млеко ставете шеќерот и квасецот и оставете да се запени.
- Во садот во кој ќе месите ставете го остатокот од млекото, сол, јајцата, двете врсти на брашно, додадете го веќе запенетиот квасец и замесете меко тесто. Оставете да стаса.
- На работната површина посипете од пченкарното брашно и развлечете кора. На половина од кората намачкајте го омекнатиот на собна температура путер, преклопете со другата половина од кората. Притиснете ги ивиците да се спојат. Исечето ја добиената кора на траки 5-6 см. ширина, секоја трака на средината засечете ја, но не до крајот. Превртете ги краевите низ добиениот прорец и тоа едниот крај ако го протните одоздола, тогаш другиот крај обратно - протнете го одозгора. или едноставно протнете едниот крајј неколку пати за да добиете плетенка. Редете ги добиените плетенки во плех обложен со хартија за печење и оставете да одстојат на топлу оклу 15-20 мин. премачкајте со јајце и печете ги на 200 степени се додека не видете дека тие благо се заруменети. Тогаш се готови и извадете ги.
Напомена
Кај мене малку поголеми плетенките. ако сакате поситни тогаш тестото и путерот поделете го на два дела, постапка ја знаете веќе и тогаш ќе имате помали плетенки, секако и повеќе на број ќе бидат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа