Легендарниот пејач открива: Се одвикнав од алкохол стоејќи пред икона

Мирослав Илиќ кој на 29-ти ноември ќе одржи концерт во Скопје, открил како се ослободил од алкохолот и зошто не барал хонорар од Жељко Митровиќ и Новак Ѓоковиќ.

Кај мене подготовките за концерт вака течат, жена ми ме прати да купам тенџере пред малку. Тоа го правам веќе 42 години, не сакам подготовки. Единствен проблем е што излезе новиот албум, па сакам да отеам што повеќе песни од него.

Во моментов е во улога на еден од петте членови на жирито во емисијата „Ѕвездите на Пинк“. На прашање дали е точно дека не земал хонорар од Жељко Митровиќ, Мирослав одговорил потврдно. Мирослав открил како пред 25 години се изборил со неговиот најголем порок, алкохолот.

Не пијам веќе 25 години и што е тоа проблем сега. Јас не се изборив да не пијам алкохол затоа што никогаш не ми беше потреба, ниту имав проблеми со тоа. Едноставно кога ми пукна филмот од самиот себе, решив да преставам да пијам. Во домот имам икона од Светецот Ѓорѓе, која е моја куќна слава и кога ми дојде преку глава, застанав пред неа, се прекрстив и си кажав: Тргни се будало една, што ќе ти е алкохол. Од тој момент до денес немам проблем со тоа. Пиев повеќе за да се натпреварувам со другите.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега