ФОТО: Го закопале жив затоа што имал секс со девојката

Тинејџер бил киднапиран, мачен и жив закопан од семејството на неговата девојка, соопшти денеска турската полиција.

 

Според таткото на девојката, убиството на 16-годишното момче од градот Денизли било за да се заштити семејната чест, бидејќи момчето не сакало да ја ожени девојката и покрај тоа што со неа имал сексуални односи

Момчето исчезна минатата недела, а вчера му беше пронајдено телото, на кое имало 65 рани. Полицијата тврди дека момчето било живо закопано, при што се задушил.

Таткото на девојката изрази жалење за настанот. Тој и братот на девојката се притворени

17.11.2014 - 18:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега