Секташот кој си го уби најдобриот пријател : Годинава морав да заколам некого !

   37 годишниот Роберт Хеј брутално си го заклал својот најдобар пријател Тибор Л. (50)  изјавувајќи: " Добив нагон да убијам некого, знаев дека дојде ред да заколам човек " .

Роберт признал дека е припадник на секта и дека порано извршувал ритуални убиства врз животни. Тој раскажал и дека изел една мачка која претходно ја заклал.

Како што пренесува српски Курир, Роберт освен што е секташ е и душевно болна личност и дека се лекувал долго време.

- Кај него нема знаци на каење за тоа што го направил. Ладнокравно рече дека оваа оваа година редно било да заколе човек и дека тоа требало да го направи на Ноќта на вештерките-31.октомври. Призна дека припаѓа на сатанистичка секта и дека обожува туѓа крв, изјавил извор од истрагата за српски Курир.

На убиството кое се случило во петокот вечерта му претходела и расправија помеѓу двајцата пријатели. Роберт без размислување му забил нож во вратот на Тибор.

17.11.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега