Дуќанџиите очекуваат намалување на цените

Раководителите на деловни субјекти од областа на трговијата изнесуваат понеповолни оценки за економската состојба во третото тримесечје од 2014 година, во однос на претходното, а поповолни во однос на третото тримесечје од 2013 година. 

Како што објави Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година, a очекувањата за економската состојба во наредниот период се исти како и во претходното тримесечје.

Оценките за количината на залихите во текот на третото тримесечје од 
2014 година е дека таа е намалена во однос на претходното тримесечје, а во однос на очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат. Очекувањата за бројот на вработените се дека ќе останат на исто ниво како во претходното тримесечје од 2014 година.

Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2014 година забележале намалување во однос на претходното тримесечје.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2014 година имале слабата побарувачка на купувачите со 33,2 проценти, зголемената конкуренција со 22,5 отсто, зголемената понуда на пазарот со 14 отсто и зголемените финансиски трошоци (камати) со 7,1 отсто.

17.11.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега