Грчката Влада во потрага по 180 пратеници за избор на претседател

 

Грчката Влада води тајни и задкулисни преговори во Парламентот со цел да обезбеди мнозинство од 180 пратеници за избор на шеф на државта на гласањето во февруари идната година.

Главна цел на овој „лов“ на гласови се независните пратеници во Парламентот, со кој владината колаиција би можела да го обезбеди неопходното мнозинство без пазарања и без подлегнување на уцените и условите на опозициските партии. 

Според весникот, консултациите околку обезбедувањето на „претседателско мнозинство“ навлегле во завршна фаза.

- Сите играат со отворени карти и кројат планови за по изборот на нов шеф на државата, наведува „Етнос“.

Двете партии од владината коалиција, конзервативната Нова демократија и Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) имаат тесно мнозинство од само 154 пратеници во 300-члениот Парламент и за изборот на пратседател им недостигаат уште 26 гласа.

Нова демократија и ПАСОК ќе можат да сметаат и на гласовите на 14-те пратеници на партијата Независни Грци и ќе мора да обезбедат поддршка од најмлаку 12 од вкупно 23-та независни пратеници.   

17.11.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега