Секоја шеста секунда згаснува по еден човечки живот

 

Според Светската здравствена ординација на секоја  шеста секунда некој гине во сообраќајот или останува траен инвалид па на покана од страна на Здружението на семејствата на загинатите во сообраќајни несреќи во Хрватска во неделата беше одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите на сообраќај, со цел да се едуцираат граѓаните за последиците од сообраќајните несреќи ,а тие во голем број се одзваа на повикот за поголемо внимание и почитување сообраќајните закони.

Централниот настан по повод одбележувањето на Денот за сеќавање на жртвите од сообраќајни беше на гробиштата Мирогој во организација на семејствата на луѓето загинати во сообраќајни несреќи .

Од Здружението на семејствата на загинатите во сообраќајни несреќи наведоа дека од 1991 година до денес во сообраќајни несреќи во Хрватска има загинато 15.068 луѓе, а од последиците од несреќи 30 дена по несреќата,починати се 2280 луѓе , додека вкупно 432 900 лица биле повредени, од кои тешко 99 732 лица, а со траен инвалидитет се здобиле 18,050 луѓе.

62 отсто од сите сообраќајни несреќи се предизвикани од возачи под дејство на алкохол

17.11.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега