Наставниците во Србија излегуваат на штрајк

   

Четирите најголеми синдикати во сферата на образованието во Србија денеска почнуваат штрајк во основните и средни училишта, каде часовите ќе бидат скратени на 30 минути.

Синдикатите кои штрајкуваа и во септември и октомври бараат да бидат изземени од одлуката за намалување на платите.

Организаторите очекуваат повеќе од илјада училишта да го поддржат штрајкот. Тие тврдат дека штрајкот ќе трае до исполнување на барањата.

Во петокот претставници од синдикатите имаа средба со министерот за образование Срѓан Вербиќ, но не се откажаа од штрајкот. 

17.11.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега