Крвава драма: Си ја прободел жената со нож па си го пресекол гркланот

П.С од Зрењанин ја прободел со нож синоќа својата сопруга, 39-годишната Т.С а потоа си го пресекол вратот. Несреќната жена била прободена во грбот. Откако го направил грозоморниот чин тој се обидел да се самоубие. 

Драмата се одвивала синоќа во семејната куќа во 14 часот.  П.С веќе подолго време бил во лоши односи со својата сопруга. Она што досега се знае е дека тие двајцата седнале заедно да ручаат при што во еден момеnт дошло до расправија, па П.С го дофатил кујнискиот нож и ја избол својата сопруга во грбот. Несреќната жена паднала на подот и не давала никакви знаци на живот. Потоа мажот со истиот нож си го пресекол вратот. За среќа тие не биле сами дома и домашните веднаш повикале брзапомош.

И двајцата се оперирани и се наоѓаат во тешка состојба.

 

17.11.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега