Огромен број на работнци во Србија отпуштени во изминатите години

 

 

 

 

Во малите и средни претпријатија во Србија од 2009 година досега е намален бројот на вработени за речиси 200.000, од 582.409 на денешните 385.934.

Координаторот на Форумот за мали и средни претпријатија, Александар Грачанац вели за весникот дека причините се намалена побарувачка, вложувањата, порастот на трошоците на вложување, хронична неликвидност, пораст на сивата економија како и порастот на парафискалните трошоци.

- Здравата претприемачка политика почна да се губи и се поголем е бројот на фирми што згаснуваат. Србија во 2009 година имала 266.242 микро, мали и средни фирми додека денес се регистрирани 217.000, објаснува Грачанац.

Тој потсетува дека според показатели на ЕУ, Србија е во групата на држави кои се умерени иноватори со перфоманси под просек, а по показатели на квалитет на претприемништво, освен БиХ, е најслаба во регионот.

Тој додава дека и измените во Законот за ДДВ дополнително придонеле за затворање на малите фирми бидејќи ДДВ се плаќа по фактурирањето.

- И Законот за рокови за плаќање за жал е мртов бидејќи меѓу најголемите должници беше државата. Неликвидноста продолжува, а голем број мали и средни фирми буквално банкротираа поради неможноста да се изборат со неликвидноста, потенцира Грачанац

17.11.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега