Намалувањето на државниот долг приоритетна цел на Грција

 

 

Намалувањето на државниот долг ќе биде приоритетна цел на Владата во Атина во рамки на следниот бран реформи, наведува премиерот на Грција, Андонис Самарас во своја статија во весникот „Катимерини“, насловена како „Реформаторски скок во иднината“.

Самарас како главни задачи на Кабинетот ги наведе политичката и економската стабилност, продолжување на реформите и излез на Грција од кризата.

Главни параметри, според него, се избор на нов претседател од сегашниот Парламент и промените во Уставот.

Премиерот упатува критики и за радикалната левица Сириза, заради нејзините политички потези и предупредува дека тие „ќе ја вратат државата кон дефицитот“.

Самарас наведува дека следниот бран реформи предвидува зајакнување на борбата против корупцијата, поедноставување на даночниот систем и модернизирање на државното образование.

17.11.2014 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега